Не плашете се

Кога ќе засакате некого не плашете се да му признаете. Можеби еден ден ќе биде премногу доцна. И запаметете некогаш некажаните зборови болат повеќе од оние кажаните. 

Слика

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Нашите соништа

Секогаш треба да сонуваме, ако сакаме нашите соништа да се исполнат. Ако силно веруваме во нив и го избереме најдобриот пат до нивното остварување, само тогаш и ќе станат јаве и дел од нашиот живот. Само силните и храбрите сонувачи веруваат во нивните соништа и ги рушат сите мостови и препреки кои се наоѓаат пред нив за да им се исполнат.  Ако немаме сонови, тогаш  нашата душа е празна. Немаме за што да се надеваме, немаме во што да веруваме. И тогаш зошто живееме, треба да се запрашаме.  Childhood-Dreams-Desktop-Wallpaper4

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Илјада зборови, илјада луѓе

Некои луѓе не можат да не разберат и да им кажеме и илјада зборови. А, за некои луѓе е доволен само еден наш поглед. Тоа се оние луѓе кои заслужуваат да бидат покрај нас. Тоа се оние луѓе кои ни ја знаат душата, срцето, мислите и нашите чувства. Тоа се оние наши вистински пријатели, наши вистински роднини. И секако најважната личност од сите нив е нашата вистинска љубов, нашата друга половина. Тоа се луѓе за кои вреди да се живее. Луѓе за кои би дале се, без размислување. Тоа се тие луѓе кои и за нас би го направиле истото.  А, тие луѓе можеме и на прсти да ги изброиме. Но, тоа не е важно. Важно е тоа што тие луѓе вредат за илјади In_Love_by_pincel3dлуѓе.

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Слатка грешка

Згрешив. Знам дека згрешив. Но, сепак тоа беше слатка грешка. Грешка која засекогаш ќе ја чувам само за мене, длабоко во моето срце, моите мисли и чувства. Излегов додека ти спиеше и се вратив пред да се разбудиш. Можеби ова беше мојата најслатка грешка. Знај, дека никогаш нема да дознаеш за тоа. А, тој. Тој, беше толку прекрасен, повреден исто како мене, можеби и повеќе од мене. Неговите очи беа полни со тага и бес измешани заедно. Му се предадов и јас него и тој мене, без ниеден проговорен збор. Нашите погледи беа доволни да сфатиме што ни се случува. Во тој момент не размислувавме за оние кои не чекаат дома. Очигледно тие го заслужиле ова, ни шепотеше некој глас. И така, се препуштивме на нашите страсти, иако знаевме дека тоа ќе биде само сега. Само сега и никогаш повеќе. Знаевме дека тоа ќе биде нашето прво и последно видување. Без ниеден збор се разделивме, ја напуштивме таа хотелска соба, во која никогаш повеќе нема да се вратиме. Нашите тажни погледи беа доволни. А, таа хотелска соба ќе биде единствениот сведок за таа вечер. Тие ѕидови, слики, таа постела единствено  тие ги почувствуваа нашите срца и нашата душа таа вечер. Одејќи по патот накај дома, го чувствував неговиот мирис на мене, кој полека почна да изветрејува. И полека, тивко влегов низ таа врата, низ која знаев кој ме чека. Како некој дух се пикнав под тој чаршав и легнав до него,  некако заспав. Заспав, сонувајќи за човекот кој го видов првпат и последен пат во мојот живот. Човекот кој никогаш нема да можам да го заборавам. Човекот кој ми помогна во оваа болка, да ја надминам полесно. Но, истовремено и јас му помогнав нему. Ние бевме две исти души кои се пронајдоа во таа црна и тажна ноќ. Којзнае, можеби некогаш ќе се сретнеме случајно на улица. И само ние ќе знаеме кои сме и што сме биле некогаш. Иронично, но вистинито. За некои нешта во животот, ни ние самите не сме свесни зошто ни се случуваат, но се дел од нас. И на некој начин, не се противиме на тоа. Можеби се испровоцирани од некој друг. Некој ни го направил истото и на нас.kk

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Сама….

Понекогаш сакам да бидам сама. Сама, далеку од сите. Сакам да се посветам на самата себе. Сакам да си ги слушнам моите мисли и чувства. Но, понекогаш тоа е толку тешко. И наеднаш повторно се наоѓаш во светот на реалноста. Како некој да те посматра под лупа. И не можеш, не можеш никако да избегаш од тоа влијание. Од влијанието на другите, од нивните животи и од тоа како сите други се поважни од тебе. И пак пропаѓаш во некое лудо опкружување. И пак никој не ги гледа твоите чувства и твојот живот. girl-alone-ocean-summer-surf-Favim.com-541888

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Болни траги од љубовта

Сите ние кои имаме болни траги на нашата душа од една неизлечива болест која се вика “љубов”, без разлика на полот, не веруваме повеќе во таа магија и сме кренале раце, затоа што сме изморени од давање се, за да на крај завршиме со ништо. Не знам дали е тоа правата одлука, затоа што живот без љубов, не е живот. Можеби, едноставно само сакаме да оставиме се на времето. Сите велат секој си има своја среќа и кога тогаш таа ќе не пронајде. Исто така, сите повредени души се плашат повторно да не им се случи истата судбина. Затоа тие никогаш нема да го направат првиот чекор. Затоа треба некој од другата страна, да дојде и да им подаде рака. Сепак, љубовта е храна за сечија душа. Секој од нас посакува да има некого покрај себе. Некој, на кого може да се потпре, некој што ќе ги слуша, помага, разбира, некој кој ќе ги сака и кој ќе им го направи животот подобар, посигурен и поскреќен. Животот е еден и не треба да се плашиме од ризици, треба да мислиме само на позитивни исходи. Треба да се впуштиме во тие води и да запловиме, сигурно во себе и силни, нескротливи, полни со живот. Затоа што некогаш можеме да го добиеме и она што најмногу го посакуваме, кога најмалку се надеваме. 4544683_f520

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Далечина…..

Далечината не ги уништува врските, затоа што не мораш секој ден да бидеш до некоја личност за да бидеш заљубен во неа. Далечината само ти помага уште повеќе да ја посакуваш таа личност да биде покрај тебе. tumblr_md54zxG3Nq1qfv5ymo1_500

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Понекогаш…

Понекогаш е подобро да не размислуваме за ништо, да не се прашуваме за ништо, да не замислуваме ништо. Едноставно да веруваме дека се ќе биде во ред. 9

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Пријателство….

Пријателството не може да се избира. Тоа доаѓа спонтано како и љубовта. Затоа што и вистинското пријателство трае вечно, како и вистинската љубов. -debra-hurd

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови

Заборав…..

Можеме се да заборавиме што ни кажале, што ни направиле, но никогаш не можеме да заборавиме како сме се почувствувале за сите тие нешта, или заради некој. Тие чувства засекогаш остануваат во нашето срце, нашата душа и нашите мисли. Луѓето мора да разберат дека некогаш знаат да остават длабок печат на нас кој никогаш не може да се избрише. Дали е тоа намерно или ненамерно, не е важно. Важни се само нашите чувства. Ниедна гума на овој свет не постои да ги избрише тие траги. Тие чувства знаат да ни го сменат правецот на нашиот живот. И тогаш веќе никогаш нема да бидеме исти. Нема да бидеме тоа што сме биле. I__ll_never_forget_you___by_8nikki8

By ladyinlovepurple Моите виолетови зборови